Поранешниот сопруг на Памела Андерсон, Рик Саломон, е фотографиран со својата ќерка на плажа во Мајами, а она што на сите им паднало во очи е нивниот однос. Имено, ќерката без никаков срам парадирала во танга.
Додека ќерката на Саломон го покажувала своето завидно тело, професионалниот покер играч бил замислен и видно нерасположен.
Инаку Рик и Памела биле во брак дури двапати, по што завршиле на суд. Во документите кои ги доставила до судот било наведено како во јануари за време на сексот ѝ ставил перница на главата и се обидел да ја задуши.
Исто така, навела и како, кога изгубила во покер, ја нарекувал ку*ва и други погрдни имиња.
Неколку недели пред да поднесе барање за развод, почнала да добива заканувачки мејлови и пораки од него, а ѝ праќал и голи фотографии кои ги направил без нејзина дозвола заканувајќи и се дека ќе ги прати на кого и да посака.
Рик одговорил на обвинувањата на Памела така што ја нарекол сериски убиец на уште неродени деца. Тврдел дека Памела веќе имала неколку абортуси, еднаш или двапати додека била во брак со Кид Рок и еднаш кога била првпат во брак со него и тоа бидејќи го молела да забремени.