Пејачката Јелена Карлеуша последните неколку месеци трпи големи болки кои безуспешно се труди да ги ублажи со лекови. Неодамна сепак морала да се обрати на лекарите, со оглед на тоа дека болката и ги пореметува секојдневните активности.
Имено, Јелена цел живот ја мачат мигрени, па мислела дека интензивната болката која веќе подолго време ја чувствува во вратот е последица на тоа. Меѓутоа, кога сватила дека нешто сериозно не е во ред со нејзината кичма, се обратила на доктор, кој останал во шок кога ги видел нејзините снимки – открива изворот.
Рскавицата меѓу двата вратни пршлена и е истрошена и Јелена мора итно да започне лекување, кое во овој случај е исклучително комплицирано. Лекарите и советувале да ги откаже работните обврски, што таа го одбила.