Карди Би бесна на Доналд Трамп: „Ми ги уништи штиклите од 3.000 долари“ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Пејачката Карди Би го критикуваше претседателот на САД Доналд Трамп, откако нејзините скапи „Лобутин“ високи потпетици беа уништени за време на финалето во Супербоул.

„Погледнете колку ми се уништени штиклите, а ме чинат 3.000 долари. Сето тоа поради Трамп! Сега уште помалку ми се допаѓа. Не мораше да оди на Супербол и да ми ги уништиш штиклите“, вели пејачката.

Таа додаде дека во еден момент угостителството на стадионот било прекинато бидејќи бил присутен Трамп, а тајната служба уште повеќе го отежнувала уживањето во овој спортски настан. Карди Би призна дека сè уште е лута за сè и бара Трамп за возврат да го врати нејзиниот депортиран вујко во САД.

„Тој дефинитивно нема да го направи тоа“, заклучила таа.

https://twitter.com/i/status/1888975106392649948

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com