Кардиологот проф. д-р Вишеслав Хаџи-Тановиќ објасни која е најголемата причина за смртност од ковид-19 и како да се спречи тоа.
Коронавирусот не се однесува исклучиво како респираторен вирус во последните бранови, а има се повеќе случаи со многу тешки срцеви проблеми. Сето ова му дава на овој вирус карактеристики на кардиоваскуларна инфекција, слична на вирусот Коксаки, кој го напаѓа срцевиот мускул кај луѓето. Исто така, му се припишуваат некои невролошки карактеристики, па што се однесува до категоризацијата на вирусот ковид-19, се уште сме далеку од тоа што тој вирус може да му направи на нашиот организам, особено со појавата на нови, мутирани соеви.
Кај младите луѓе заразени со корона, зачестена е тромбозата и срцето нападнато од вирусот станува маса без сила. Затоа е исклучително важно да се зајакне отпорноста на организмот и тоа можеме да го направиме на неколку начини, бидејќи во тој случај не умираме од ковид, туку од последиците, вели кардиологот.
„Не е суштината кога некој ќе те нападне да бегаш, затоа што нема да побегнеш. Суштината на одбранбените сили е како организмот ќе реагира кога вирусот веќе ќе го нападне. Ако организмот е оштетен, имате астма, бронхитис, дијабетес, ревматски заболувања или срцева слабост, кои веќе го ослабнале организмот, ние лекарите имаме голем проблем да го одбраниме организмот“, вели д-р Хаџи-Тановиќ.
Тој објаснува и дека во тие случаи не се умира од вирусот, туку од последиците, кога ќе откажат белите дробови или срцето.
Белите дробови ќе бидат нападнати и во зависност од тоа колкав процент од белите дробови се погодени, од тоа зависи дали ќе преживеете и дали срцето е доволно силно да го издржи тоа.
Главна превенција за сите вируси и болести е физичката активност. Никогаш не е доцна да се тренира телото. Вежбите може да се прават и во кревет. Можете да ги кревате нозете, рацете… Вежбајте најмалку две минути секој ден или пешачете најмалку половина час. Кога имате добра аерација на белите дробови, вирусот нема да може толку лесно да ги победи тие бели дробови.
Покрај активностите, добар сојузник во борбата против ковид-19 е, како што советува кардиологот, витаминот Ц од 1000 мг на ден, витаминот Д3, како и 100 мг аспирин кој спречува тромбоза и згрутчување, за што секако треба да се консултирате со вашиот лекар.