Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел за Nature дополнително го објаснил шведскиот модел на борба против коронавирусот, кој ширум светот, но и во Шведска, наишол на многу критики.
“Мислам дека премногу се зборува за единственоста на нашиот пристап. Како и другите држави, настојуваме да ја израмниме кривата на вирусот, да го забавиме ширењето колку што е можно. Во спротивно, на здравствениот систем му се заканува колапс. Оваа болест не може да се спречи, барем не додека не произведеме правилна вакцина”, рекол Тегнел.
Рекол дека и законските можностите на оваа земја биле сосема поинакви.
“Шведските закони за заразни болести во главно се темелат на доброволна основа, односно на индивидуална одговорност. Јасно е наведено дека граѓаните имаат одговорност да не ја шират инфекцијата. Според постоечките закони немаме основа за затворање на градовите. Карантин може да се одреди на помали подрачја како училишта или хотели, но не можеме да затвориме цели географски подрачја”, објаснил тој.
Епидемиологот вели и дека нема научни докази за делотворноста на карантинот кога станува збор за вакви болести.
“Според моето мислење, затворањето на границите е апсурдно, бидејќи вирусот сега е во секоја европска држава. Како друштво настојуваме луѓето постојано да ги потсетуваме да се придржуваат до мерките на заштита. Не мора да затвориме се, бидејќи тоа би било контрапродуктивно”, порачал Тегнел.
“Нашиот најголем проблем во моментов се нашите пензионерски домови, каде што бележиме зголемена појава на коронавирус. Ова е причината зошто смртноста е поголема во Шведска во однос на соседите. Истрагата е во тек затоа што треба да разбереме кои препораки не беа следени и зошто “, објаснува тој.