Водечкиот британски епидемиолог Марк Вулхаус смета дека карантинот е „панична мерка“ и единствена опција во одреден период „затоа што не можеа да се смисли ништо подобро“.
Сепак, овој професор на Универзитетот во Единбург исто така тврди дека станува збор за ригорозна и груба мерка што не ги зема предвид нивоата на ризик за различни лица. Како прво, Вулхаус мисли на фактот дека нацијата „се концентрираше на училиштата“ уште во март, кога требаше да се концентрира на старечки домови.
Професорот за епидемиологија сега посочи дека владата мора да се фокусира на зголемување на тестирањето и да се обиде да го отвори општеството, а не да го ограничува и понатаму.
-Затворањето беше мерка за паника и верувам дека историјата ќе покаже дека обидот да се контролира корона вирусот преку карантин беше монументална грешка на глобално ниво, лек што е полош од болестите, рече Волхаус, кој исто така е член на научната група за пандемија на Британските власти.
-Никогаш не сакам повторно да видам национално затварање. Тоа беше привремена мерка што едноставно се случи во фаза на епидемија за која сега сме сведоци. Сега знаеме повеќе за вирусот и како да го следиме, не треба повторно да бидеме во таа позиција,- рече тој.-
-Нема апсолутно никаква потреба да се вратиме на позиција каде децата не можат да играат или одат на училиште. Верувам дека штетата направена на нашето образование, здравствениот пристап и широките аспекти на нашата економија и општество ќе биде барем толку голема како штетата направена од COVID-19,- професорот беше јасен.
-Претпоставувам дека сега повеќе луѓе се оштетени од ефектите на заклучувањето отколку од COVID-19, – додава тој.
Вулхаус тврди дека единствената одржлива долгорочна мерка е тестирањето во што поголем број, а најдобро го покажа Премиерлигата, во чии рамки беа тестирани 40.000 луѓе се со цел да се одржи последното коло– и тоа беше успешно.
– Најважно е да обезбедиме заштита за луѓето на кои им е потребна – особено на оние над 70 години или со лошо здравје. Но, тоа не е опција што им одговара на сите. Треба да ги заштитиме оние што се најмногу изложени на ризик и да им обезбедиме поддршка. Тогаш можеме да ја преиспитаме рамнотежата помеѓу контролата на вирусите и штетата што ја предизвикува карантинот на пошироката економија и општеството, – заклучи овој водечки британски епидемиолог.