Красимир Каракачанов смета дека францускиот претседател Емануел Макрон е во право што го блокира почетокот на пристапните преговори со Македонија за Европска унија.
„Французите само го потвтрдија тоа што го велам јас. Рано е уште. Имаат време да размислат што да прават. Имаат време да преосмислат и да разберат дека се кандидираат за Европскиот сојуз (ЕУ – н.з.), а не за Советскиот сојуз (СССР).
Бидејќи, според нивното разбирање на историјата, на политиката и на моралот, тие се подостојни за Советскиот сојуз, а не за ЕУ“, изјави Каракачанов за време на празникот на Специјалните сили во Пловдив.
„Ако нашите браќа во Македонија сметаат дека со шопски инает можат да ги надминат барањата на бугарската држава, тоа нема да се случи. Имаат време да помислат“, додаде тој.