Вицепремиер и бугарски министер за одбрана, Красимир Каракачанов, за бугарската телевизија БНТ денеска изјави дека најавената донација на вакцини за Македонија од Бугарија не е за соседи, туку за сонародници кои живеат надвор од Европската унија (ЕУ).
„Тука не станува збор за соседи, туку за сонародници. И не само во Македонија, туку и западните покраини во Украина и Молдавија каде има бугарски заедници. На крајот на краиштата Бугарија е држава на сите Бугари. Ние имаме сонародници кои живеат во државите надвор од ЕУ. Тие се бугарски граѓани. Тие можат и
треба да се вакцинираат. Кога ние ги признаваме за Бугари треба да им дадеме можност да им се помогне, се разбира ако сакаат, тоа е доброволно“, рече Каракачанов.
Во интервјуто не заборави да ги спомене и Македонците кои извадиле бугарски пасоши, кои според него бројат околу 120.000.