Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе се венча викендов во Севилја, а повика дури 500 гости на венчавката со Рубен Пилар. „Марка“ пишува дека меѓу гостите нема да биде и Кристијано Роналдо, кој ја делеше соблекувалната со Рамос во Реал Мадрид дури девет години.
“Марка” истакнува дека Серхио Рамос не го поканил Роналдо бидејќи тие не се во најдобри односи откако Португалецот се одлучи на нов предизвик и замина во италијанскиот Јувентус. Капетанот на Реал очигледно не ја оправдува ваквата одлука.
Помеѓу гостите ќе се најдат и Зинедин Зидан и Флорентино Перез, а Рамос се надева дека таму ќе биде и Икер Касиљас, но неговото доаѓање сè уште не е потврдено бидејќи закрепнува од претрпениот срцев удар.
Инаку, на забавата што ќе следува ќе настапи легендарниот австралиски хард рок бенд Еј-Си/Ди-Си, за што наводно ќе биде платен еден милион евра.