Откако во повеќечасовен испад на социјалната мрежа Икс објави дека е нацист и дека го „сака Хитлер“, контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест продолжи да ја шокира јавноста со своите објави. Во новата објава на Икс, тој се осврна на критиките за изгледот на неговата сопруга Бјанка Ценсори, која на доделувањето на нарадите Греми се појави во проѕирен фустан кој не сокри ништо.
Раперот објави дека Бјанка не може да облече нешто без негова дозвола и дека „има власт“ над неа, но дека никогаш нема да ја присили да облече нешто во што не се чувствува удобно.
„Имам власт над својата сопруга, тука нема феминистички глупости. Таа е со милијардер, зошто би слушала некој од вас глупавите и сиромашни идиоти? Луѓето велат дека нејзината облека на црвениот тепих е нејзина одлука. Да, не ја терам да носи нешто што не сака, но дефинитивно не може да носи нешто без моја дозвола“, напиша тој.
„Немам почит и емпатија кон луѓето бидејќи никој не може да се зафркава со мене, но јас сакам некои луѓе и им правам услуга“, додал тој.
Да потсетиме, дека по неговите антисемитски испади на Икс, Канје рече дека тоа е социјален експеримент. Потоа им се заблагодарил и им ја изразил својата љубов на „другите рапери, црни жени, геј луѓе, Евреи, геј Евреи, геј еврејски рапери, интернет тролови и невродивергентни луѓе“. Тој му упати посебна благодарност на Илон Маск. На крајот напиша дека „всушност ги сака сите, а особено дебелите жени“.