Канје Вест и Бјанка Сенсори направија скандал на Греми наградите 2025, откако Бјанка се соблече гола на црвениот тепих.
Парот пред фоторепортерите дојде облечен во црно – тој носеше маичка и црни панталони, а таа раскошна црна бунда.
Кога застанаа на црвениот тепих, се наместија за фотографирање, а Бјанка ја соблече бундата под која носеше фустан од тул во боја на кожа, без гаќички и градник.
Kanye West and Bianca Censori made a jaw-dropping appearance at the #GRAMMYs. pic.twitter.com/OFo3Cddiou
— Entertainment Tonight (@etnow) February 2, 2025
Според дел од присутните на црвениот тепих, полицијата задолжена за обезбедувањето на настанот побарала од нив да си заминат и не им било дозволено да влезат во салата, пишува Daily Mail.