Ник Фатурос (34) се вратил дома од продолжен одмор и открил дека и официјално е прогласен за мртов.
Жителот на Монтреал го доживеал својот животен шок кога ја отворил поштата и видел известување од Министерството за правда дека казната за брзо возење ќе биде „наплатена од имотот на починатиот“.
Ник остана во Костарика две години, заборавајќи да ја плати казната од 2022 година, пишува Daily Star.
„Го видов документот и почнав да се смеам. Тоа беше вест“, изјавил тој подоцна за медиумите.
Тој додаде дека сега се бори со бирократијата и се обидува да докаже дека е жив.
„Многу е тешко да се стапи во контакт со властите. И што ќе се случеше ако мајка ми ја отвореше поштата? Не дај Боже“, рече Ник.
Неговиот адвокат Вилијам Корбатли додава:
„Понекогаш се случуваат вакви грешки, но навистина ретко. Тоа влијае не само на сообраќајната казна, туку и на сѐ останато. Ник се надева дека ќе докаже дека не е мртов“.
Во меѓувреме, портпаролот на Министерството за правда потврди дека „човечката грешка“ имала улога во овој случај.
„Наплатувачот користел погрешен шаблон за допишување. Се извинуваме за целата ситуација. Ќе се оствари соодветна комуникација со нашиот граѓанин“.