Канадскиот премиер Џастин Трудо во средата објави дека се разделува од сопругата Софи Грегоар Трудо.
Во објава на Инстаграм, Џастин Трудо напиша дека тој и неговата сопруга донеле одлука да се разделат „по многу тешки разговори“.
„Како и секогаш, ние остануваме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг и за она што го изградивме и ќе продолжиме да го градиме“, напиша Трудо.
Тој додаде дека за доброто на нивните деца, „бараме да ја почитувате нашата и нивната приватност“.
Откако Трудо стана премиер кон крајот на 2015 година, тој и Софи често беа видени заедно на социјални настани и на патувања. Но, тоа се промени во последната година. Џастин и неговата сопруга имаат три деца. Хавиер (15), Ела Грејс (14) и деветгодишниот Адриен. Медиумите пишуваат дека во јавноста со години се шпекулира за лоши односи во семејството Трудо, но нивниот брак никогаш досега не бил тема.
Двајцата отпатуваа во Лондон во мај на крунисувањето на кралот Чарлс и беа заедно кога американскиот претседател Џо Бајден го посети кон крајот на март.