Главниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, во интервју за Независен весник, меѓудругото открива дека 1,5 милиони евра како рекет Камчев му ги дал на Бојан Јовановски (*Боки 13-ка) во кеш на два пати.
-Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал. Но кога ќе бидат создадени услови, јавноста ќе биде запознаена со начинот на извршување на кривичните дела во овој предмет. – вели во интервјуто Јовески и открива дека се знае потеклото на парите кои Орце Камчев му ги дал на Бојан Јовановски кој изнудил рекет од него за да му биде сопрена постапката на СЈО ,,Империја“.
Извор: независен.мк
Фото: МИА