Камион се удри во авион „Боинг 787-9“ на компанијата „Сауди Арабиан ерлајнс“ на пистата на лондонскиот аеродромот Хитроу пред три дена, правејќи дупка во авионот и предизвикувајќи големи доцнења, јавува „Мирор“.
Возачот ја изгубил контролата врз камионот, кој се удрил во авионот откако го помешал гасот со сопирачката. Тоа се случило само неколку минути откако патниците на летот SVA105 од Меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ во Џеда, Саудиска Арабија, се истовариле на Терминал 4 во Лондон.
Ракувачите со багаж на местото на настанот опишале како возачот ги помешал педалите на камионот и ја предизвикал штетата.
Тој веројатно се обидувал да спроведе протокол за безбедносен маневар во кој мора неколку пати да притисне врз сопирачките се приближува кон авионот, вели еден од патниците.