Поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито имал луксузен стан во Њујорк со поглед кон Централ Парк.
Во негово друштво биле светски познатите актери Ричард Батон, Лиз Тејлор, Софија Лорен. Пентхаусот на популарната авенија во Менхетен имал шест соби и четири бањи.
Властите на Југославија овој раскошен стан го купиле во 1975 година, а во 418-те метри квадратни имало и три тераси и три камини, четири спални соби. Во една голема дневна соба имало библиотека, а постојат и посебни соби за собарки, батлери… Станот поседува и четири големи мастер апартмани, од кои еден е со камин и два со тераса. Медиумите неодамна објавија дека станот на Тито го купил некој финансиер од Волстрит за 12,1 милион долари.
Интересно е тоа што пред тоа, кога започнала да кружи приказната дека станот ќе се појави на пазарот, за него наводно биле заинтересирани и холивудските ѕвезди Роберт де Ниро и Џек Николсон.