Поранешната холивудска глумица, Камерон Дијаз, со сопругот Бенџамин Маден се одмора на француската ривиера. Поранешната актерка, која се повлече од филмскиот свет пред пет години, кога го запозна сегашниот сопруг e на годишен одмор на Сен Тропе. Сопружниците се снимаат во секојдневни изданија и со добро расположение доаѓаат на една од рајските плажи и уживаат во убавината на Медитеранот.
Познатата актерка, блескаше во шарен летен макси фустан, сандали од Валентино и сламена капа, додека нејзиниот сакан и останал верен на неговиот карактеристичен секојдневен стил.