Поранешната холивудска глумица Камерун Дијаз гостуваше во поткастот на Мишел Визаж на BBC, а вели дека одлуката да ја напушти кариерата ја донела откако почнала да се чувствува целосно потрошено заради барањата што Холивуд ѝ ги поставувал:
„За луѓето Холивуд е стапица. Повторно се враќаме на таа стапица во нашето општество, во однос на тоа што се вистински вредности, за тоа што сметаме дека е важно…
Ако ви е вам важно, тогаш е во ред. Никој не треба да ве осудува, ако тоа навистина ви дава сила да станете наутро и ви треба вам, тогаш е супер.
Јас лично, кога ќе се сетам на мојата позиција во Холивуд, сметам дека во целост се потрошив. Се чувствував дека сум постигнала сè, но го немав постигнато тоа што го правам сега.
Да бидам во здрава врска што ми помага да созреам, да имам партнер со кого ќе го поминам и најлошото и кој ќе ме сака и во моментите кога не сум убава и со кој постојано ќе растам и заедно ќе градиме живот“ – вели таа.
Камерон во интервјуто вели дека и таа слично како и другите жени често има проблем со самодовербата и дека е загрижена за сопствениот изглед.
„Дефинитивно и јас во одредени периоди сум била жртва на сите општествени објективизирања и експлоатирања на кои се жртви сите жени.
Навистина е тешко да не потпаднете под влијание, тешко е да не се погледнете себеси и да не се споредувате себеси со туѓите примери за убавина и мислам дека во последните осум години сум како… како диво животно, како ѕвер“ – вели таа.
Актерката се насмеа и рече дека тоа што ја напуштила кариерата ѝ помогнало во целост да престане да се грижи за сопствениот изглед.
„Не ми е гајле воопшто, не ни помислувам како изгледам. Воопшто не правам ништо. Не го мијам лицето воопшто. Имам милион производи што не ги користам“ – вели таа.
Инаку, Камерон Дијаз се повлече од актерството во 2018 година, објаснувајќи дека сака „поинакви работи од животот“.