Холивудската актерка, Камерон Дијаз неодамна гостуваше во подкастот на пејачката и актерка Мишел Висаж, во кој изјави дека во последно време не се фокусирала на својот изглед туку се посветила на многу поважни работи.
“Не ми е гајле. Буквално, последното нешто на кое размислувам, можеби дури ни преку ден, е како изгледам”, изјавила 51-годишната актерка, која се повлече од Холивуд и се посвети на семејниот живот.
Актерката објасни дека мисли дека забавната индустрија е особено токсична кога станува збор за изгледот на актерите и дека тоа влијае на нивната слика за себе. Рекла дека повеќе не се замара со изборот на облека и изгледот, но и дека не ги осудува оние кои го прават тоа.
„Не вложувам енергија во грижата за тоа. Ако некому му е важно, тоа е во ред“, рече таа и додаде дека мисли дека тоа е замка на општеството што го наметнува она што треба да го цениме и мислиме дека е важно.
Пензионираната актерка не е сама во мислите. Памела Андерсон отворено проговори за нејзината одлука повеќе да не се шминка, а 56-годишната актерка ја покажа својата природна убавина на доделувањето на модните награди 2023 година во Лондон на почетокот на овој месец.