Камерманот на МТВ, Шенол Ахмети (51) ноќеска ја загуби битката со коронавирусот.
Ахмети се заразил од Ковид-19 во последнава недела, а за само неколку дена состојбата му се влошила и завршил на респиратор. Вечерва тој ја загубил битката со коронавирусот, пренесе Телевизија 21.
Информацијата ја потврдуваат и од МРТ 2, програма на албански јазик.
„Вечерва и ние изгубивме еден колега, еден член од нашето семејство“, велат од МРТ.
Инаку, Ахмети е вториот медиумски работник кој е жртва на коронавирусот во Македонија. На 1 јуни почина новинарот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа која работеше за локалната телевизија „Спектра“.