Две лица загинаа, а други две се повредени откако авион се урна врз автомобил во движење во Пемброук Пајнс, во американската сојузна држава Флорода.
Спортскиот авион полета од аеродромот Северен Пери во градот Пемброк Пиинс. Авионот паднал од засега непознати причини и непосредно пред ударот на асфалтот ги пресекол жиците на далекуводот, а потоа удрил во задниот дел на возилото, по што следувала експлозија.
Камера за видеонадзор во соседна куќа го снимила моментот на несреќата, во која загинаа две лица кои биле во авионот. На снимката се гледа како едномоторен авион удира во автомобил што минува на улицата, а потоа експлодира.
“Живеам овде. Шетам со бебињата секој ден. Авионот можеше да нè убие сите. Јас сум во шок”, рекла жена која ја видела несреќата.