Во неделата се навршија пет години од смртта на Есма Реџепова Теодосиевска. Естрадниот магазин Бекстејџ петочното издание и го посвети на големата Есма, во кој зборуваа: Калиопи, претседателката на хуманитарното здружение “Стево и Есма Теодосиевски,но и блиска пријателка на Есма, Зорана, синот Симеон Атанасов, Зоран Димов и естрадниот новинар Дуле Мичиќ.
Калиопи ја прекина медиумската изолација само за да ѝ оддаде почит на нејзината кума и пријателка Есма. Се присети на убавите мигови кои ги поминале заедно, но горчливо потсети колку се разочарала од сè она кое што се случува со нејзината куќа, во која требаше да биде музејот. Во интервјуто, Калиопи признава дека не знаела што се случува со куќата на Есма и во каква состојба се наоѓа истата денес.
„Овој податок не го знаев и е срамно за нас доколку сме дозволиле да се случува такво нешто. Таа не го заслужила и мислам дека тоа е само едно огледало на нас, колку сме недостоинствени и без почит“, вели пејачката.