Македонската музичка дива објави летна фотографија сред зима за да го одбележи овој специјален ден.
На неа, Калиопи позира во костим за капење на плажа.
„Дојде и овој ден!
Дали сум на море? Не!
Дали би сакала да бидам? Да!
Дали им се радувам на годиниве? Да!
Дали би сакала да бидат помалку? Не!
Дали сум задоволна со мојот живот? Да!
Дали би сменила нешто? Не!
Затоа што за сите овие години, со сите мои раѓања и паѓања , мојот живот има смисла колку на оваа фотографија, за која сигурно не ви е јасно зошто токму една летна во зима.
Е па, затоа што токму таков е и мојот живот! А јас, се разбира, преблагодарна!
Ве сака Опи!“, напиша Калиопи на нејзиниот Фејсбук профил.