Калиопи во интервју за српските медиуми сподели приказни за својот приватен живот. Таа зборува и за двата развода, со Ромео Грил и со актерот Васил Зафирчев, а и за нејзиниот син Пако, кој со татко му Ромео живее во Швајцарија.
„Најемотивен момент во мојот живот беше раѓањето на мојот син Пако. Тој живее во Швајцарија и не сака да зборувам за него. Постојано ни вели: Немојте да зборувате за мене, заборавете ме во изјавите“, така што морам да ги почитувам неговите желби“, изјавила Калиопи за српските медиуми и додала:
“Ромео и јас се разделивме, а веќе следната година отидовме во студио и направивме албум. Некому му е тоа чудно, но не и нам. Ромео е моето главно рамо за плачење и ден-денес. Она што тој мора да го издржи е приказна за себе“.