Во последно време Калиопи се почесто знае да ги изненади своите пријатели на социјалните мрежи. Иако, никогаш не се експонирала со провокативни фотографии, таа вчера на својот профил на Инстаграм сподели фотка на која позира во црно палто со деколте речиси до папок.
Сепак, се работи за стара фотографија која е направена уште во 2012 година. Калиопи во описот на објавата го стави текстот на песната евровизиската „Црно и бело“.
“Во очи сега гледај ме
Не сум губитник ти знај
Не се предавам до крај
Нема раѓање без паѓање”