Се додека детето е будно во тебе, никогаш нема да остариш, им порача на своите обожаватели Калиопи. Познатата пејачка и автор денеска полни 52 години. На својот Инстаграм профил таа објави природна слика, со минимална шминка и интересна порака.
Калиопи на музичката сцена се појави во 1976 година, кога имаше само десет години и на фестивалот “Златно славејче” ја испеа песната “Мојата учителка”. Нејзината кариера продолжи да ја гради со Ромео Грил, поранешниот сопруг кој и денес и е продуцент. Калиопи сега е повеќе посветена на регионалната музичка сцена и песните на српски и на хрватски јазик. Роденденот, таа ќе го прослави во Скопје.