Нашата евровизиска преставничка Тамара Тодевска сподели видео од нејзината ќерка Хана додека ја пее песната “Proud“, која всушност ѝ беше посветена на неа.
Во видеото кое Тамара го сподели на социјалните мрежи, малото девојче седи во нејзиниот скут во автомобил и ја пее популарната песна. Всушност тоа еден вид подарок за Тамара од Хана за нејзиниот 34 роденден кој ќе го прослави денеска.
„When your daughter sings the song you created for her (Кога ќерка ти ја пее песната која ја креира за неа)“ – напиша Тамара.