Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал ја изненадија јавноста кога се појавија на железничката станица во Њујорк. Двојката во последно време не се разделува, а често можат да се видат заедно на улиците во градот.
Имено, тие двајца, како и сите „обични“ луѓе патувале со јавен превоз, а од Њујорк се возеле до Вашингтон. Јавноста била воодушевена од нивниот необичен потег.
Двајцата биле облечени лежерно за еден ден надвор. Како и секогаш, Амал зрачела со елеганција и стил, а носела рол-топ фустан во беж боја, кој е идеален избор за есенските денови. Долгите црни чизми и големите очила за сонце го комплетирале нејзиниот изглед правејќи ја да изгледа неодоливо.
Актерот носел прилично едноставна комбинација која може да се види кај повеќето мажи. Носел фармерки и морнарска маичка.
Скромноста е ретка доблест денес, а со овој потег тие двајца покажаа дека и тие го поседуваат тој квалитет.
Многумина овој потег го окарактеризирале како маркетиншки трик и привлекување внимание, додека други се согласиле дека никогаш не им недостига внимание и дека тоа е искрено и од срце.
И’ покрај тоа што биле придружувани од вооружено обезбедување, убаво било да се видат во вакво необично издание.