Ноќниот живот во Вухан се врати во нормала, седум месеци откако градските власти ги укинаа строгите ограничувачки мерки поради пандемијата на коронавирусот.
Една од првите што ги почувствува придобивките од ноќниот живот беше Жанг Кјонг, која го прославила својот 29-ти роденден со пријателите во голем паб во Вухан.
„По сето она што го поминав за време на првиот бран на пандемијата на коронавирус во Вухан, а потоа и по ослободувањето од рестриктивните мерки, се чувствувам како да живеам втор живот“, рече Жанг, кој работи во продавница за текстил во Вухан, град за кој многумина веруваат дека беше првото жариште на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.
Забави имаше низ целиот град, со еден збор, Вухан се претвори во фестивалски град.
Инаку, ниту еден нов случај на коронавирусот не е забележан во Вухан од 10 мај, додава „Ројтерс“.