Триесетгодишен Нишлија, кој преку прозорецот побегнал од полициската станица откако физички нападнал полицајка која го чувала, по вистинска филмска потера уапсен е на среде реката Нишава во центарот на градот.
Од полицијата наведуваат дека имал изречена казна – забрана за приоѓање до семејството која ја прекршил, па неговата сопруга ја алармирала полицијата. Полицајците излегле на местото на повикот и го привеле, а потоа почнала драмата.
Го привеле во полициска станица и тој во еден момент ја нападнал полицајката која стоела покрај него во канцеларијата, ја бутнал, го отворил прозорецот и побегнал.
Полицајците тргнале по него и го стигнале во едно кафуле каде се обидел да се скрие. Потоа влегол во Нишава каде е уапсен. Одредена му е мерка задржување од 48 часа.