Златарницата „Piaget“ во Улицата на мирот во центарот на Париз била ограбена во вторникот на пладне, а за нападот се осомничени три лица, кои побегнале со накит вреден 10 до 15 милиони евра, соопшти полициски извор и париското јавно обвинителство.
Улицата на Мирот и плоштадот Вендом, во центарот на француската престолнина, е позната во светот по продавници со луксузен накит и брендирани часовници.
За време на грабежот нема повредени, изјави полициски извор, а истрагата е во тек, соопштија од обвинителството.
Според првичните резултати од истрагата, во грабежот учествувале три лица, меѓу кои најмалку едно имало оружје.
Последниот вооружен грабеж на луксузен накит во Париз се случи на 29 април. Тој ден три лица кои возеле со мотор упаднале во златарницата „Bulgari“ на плоштадот Вендом. Двајцата напаѓачи биле вооружени, изјави полициски извор, а притоа бил застрелан и чуварот.
Штетата се проценува на „неколку милиони евра“.
https://twitter.com/i/status/1686402829945073665