980
Албански државјанин во пресрет на Новата година побегнал од затворот Версел во Италија, така што ги врзал чаршафите на прозорските решетки и се спуштал низ нив. Тој бил затворен поради грабеж.
Пред затворот го чекале соучесници за да му помогнат.
Неговиот соучесник, исто така државјанин на Албанија, не успеал да побегне, бидејќи се лизнал низ прозорецот и ја скршил раката.
Полициската потрага по избеганиот затвореник е во тек.
