Жена се појави во кино во фустан што откри дека не носи долна облека, па ги поттикна корисниците на социјалните мрежи да ја обвинат дека е „очајна за внимание“.
Инди Јунг често го покажува своето затегнато тело во оскудни бикини и облека за теретана на нејзиниот Инстаграм каде што може да се пофали со повеќе од 72 илјади следбеници.
Во кино таа носеше долг црн фустан со висок и широк шлиц кој ѝ ја откри ногата и дел од задникот. Видеото во кое Инди стои во споменатата облека на кино благајна го сподели Остин Пауерс на Твитер и достигна речиси 30 милиони прегледи.
На видеото се гледа како таа купува грицки. „Ова треба да биде нелегално“, гласи еден од коментарите на социјалната мрежа.
„Тоа е агресивно за кино и изгледа непријатно. Вика „Сакам внимание“. Може да прави што сака, но не познавам многу мажи кои би сакале нивната девојка да се облекува така. Дали е таа жена свесна? Можеби девојка само за една ноќ?“ се запрашал корисникот.
Сепак, некои имаа и комплименти за нејзиниот изглед.
„Дефинитивно не е соодветно, но изгледа неверојатно. Одлични нозе.”
„Таа не го носи тоа за да оди во кино. Го носи за да го добие ова. Внимание“, напишал корисник.
„Оваа кутра девојка бара привремено решение за да се чувствува ценето. Претерува со привлекување внимание. Не чувствувам љубомора, жал ми е за нејзината душа и тело“, напишал корисник.
„Дефинитивно не ми се допаѓа, дури и ако има што да покаже. Сето ова е барање за внимание за кое нема потреба кај самоуверените жени. Што се случи со скромноста? “
Сепак, некои не гледаа проблем во нејзиниот избор на облека.
„Искрено, гледате жени кои носат бикини на плажа или на базен. Не гледам каде е проблемот“.
„Повеќе кожа гледам во теретана отколку на плажа“, додал корисникот.
I dont mind waiting in line. pic.twitter.com/X6eeXyGcI9
— Austin Powers (@MasterYodaWize) July 23, 2023
Инди често споделува видеа во кои ја покажува својата фигура, па не е јасно дали намерно позирала овде или само дошла да гледа филм во интересен фустан.