Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска сооопшти дека на времената амбасадорка на Македонија во Москва, Оливера Чаушевска-Димовска и’ била презентирана нота од Министерството. Во нотата се најавување прогласување на вработен во македонската Амбасадата за „персона нон грата“.
„Вршителот на должност на Северна Македонија, Оливера Чаушевска-Димовска, беше поканета во руското Министерство за надворешни работи, каде што и беше врачена белешка со која вработениот во Амбасадата на Северна Македонија во Москва беше прогласен за персона нон грата“, се вели во соопштението, а пренесува новинска агенција РИА Новости.
Министерството во изјавата рече дека потегот на Македонија е неоправдан.
Министерството за надворешни работи на Северна Македонија на 18 мај објави дека, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучило да се прогласи дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Северна Македонија.
Во изјавата не беше наведено кој руски дипломат бил протеран и зошто.