Веќе подолго време здравствената состојба на Исидора Бјелица е далеку постабилна.
Тешката болест со која писателката се бори веќе со година ја научи животот да го посматра со други очи, од некој друг агол. Ракот на јајниците неколку пати се враќаше, а она, од секоја борба излегуваше посилна и како победник.
“ Тајната на среќниот живот е да чувствувам благодарност и тогаш кога ги имам сите причини да очајувам“ напиша таа на својот статус на Инстаграм.
Исидора повеќе пати изјавуваше дека позитивната мисла најмногу и помогнала во заздравувањето.
“ Имам канцер на јајниците кој се шири како пожар. Денеска можам да бидам здрава, а за два месеци на смртна постела. Во борбата со ракот нема правила. Затоа лекот го барав дури во 12 земји“ – раскажуваше порано Исидора.
“ Се додека немам метастази на центарот за хумор, за мене има надеж. Но, имаше тешки денови во кои неможев ниту да се смеам ниту да плачам. Кога болеста ќе го изеде хуморот од човекот, значи дека е во опасна зона“ – изјави тогаш Бјелица.
Благодарејќи на комбинацијата, хемотерапија и биолошки и имунотерапии, Исидора Бјелица во 2017 години ги победи сите метастази. Од 70 метастази недна повеќе не беше активна.