Актерот Едриен Броди неодамна отпатува во Сен Тропе со својата девојка Џорџина Чапман. Нивната врска од почетокот е на мета на критики, а кога ќе се спомене дека таа е поранешна сопруга на холивудскиот предатор обвинет за сексуално насилство над жени, Харви Вајнштајн, нештата донекаде стануваат појасни.
Броди го критикуваат бидејќи е во врска со Џорџина, а неговите обожаватели се прашуваат како воопшто може да биде со неа кога таа (наводно) знаела што прави нејзиниот сопруг, но молчела за тоа.
Џорџина Чапман започнала врска со Харви во 2003 година, додека тој сè уште бил во брак со својата прва сопруга. Се венчале 4 години подоцна и имаат 2 деца – ќерката Индија Перл (13) и синот Дашиел Макс Роберт (9).
Кога во 2017 година се дозна за здоделата на Вајнштајн, Џорџина најпрвин се држеше настрана од целата ситуација, а потоа ги поддржа сите жени кои го обвинија нејзиниот сопруг. Некои сметаат дека таа долго време била запознаена со гнасното однесување на сега веќе поранешниот сопруг, но молчела за тоа за нејзиниот бренд на фустани „Marchesa“ да продолжи со својата работа. Познато е дека Харви Вајнштајн ги присилувал актерките да носат креации од Џорџина на премиерите.
„Последните години за Џорџина беа многу тешки, но откако го запозна Едриен таа е повторно насмеана. Веќе долго време никој не ја видел толку среќна и конечно има чувство дека може да продолжи со својот живот“, изјавил извор близок до актерката.
Врската која многумина ја оспоруваат започна во 2019 година, а Броди е често забележан и во друштво на нејзините деца кои се исто така во Сен Тропе.