Можеби најубавата жена на светот, холивудската актерка Кетрин Зита Џонс беше главна “фаца“ на ревијата на Мајкл Корс каде се појави во друштво на синот Дилан и ќерката Керис која има 16 година. Таа заедно со мајка и, со својата појава ги засени останатите гости на ревијата.
Додека славната актерка блескала во припиен фустан од плиш, Керис до неа била како принцеза во фустан со цветни детали.
Коментарите на сметката на младата Керис нормално се позитивни, но особено било приметливо дека таа има ист вкус и стил како и мајка и и дека избегнува провокативни и невкусни комбинации.