На Инстаграм страницата на агентот за недвижнини Лука Стокиќ, споделено било видео во кое прикажува како изгледа еден од становите во „најскапата зграда во Србија“.
Станува збор за стан којшто се наоѓа во Белградската кула, а цената на метар квадратен чини 10.000 евра. Прикажаниот стан има целосна површина од 59 метри квадратни, а се наоѓа на 27-ми кат.
Видеото прикажува поминување низ трпезаријата со кристални лустери и кујната, па дневната соба чии прозорци гледаат кон мостот на Ада. Наведениот стан е опремен, а покрај тоалетот за гости и спалната соба има посебен тоалет.
Потоа видеото ја прикажува спалната соба, нагласувајќи го неверојатниот поглед во текот на целиот ден.
„Кич со поглед на валкана река“, „Само идиот може да плати еден метар квадратен 10.000“, „Ништо не е специјално, премногу стерилно и личи на хотелско сместување“, биле само дел од коментарите под објавеното видео.
Кулата Белград се наоѓа покрај реката Сава, има 42 катови, висока е 168 метри, а изградена е во рамките на проектот „Белград на вода“.