Поради безбедносни и здравствени причини притворениот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 е сместен во Хашкото одделение во затворот.
Притворското одделение може да се пофали со „хашките соби“ кои затворот ги изгради по барање на ЕУ за потребите на Судот од Хаг. Собите ги задоволуваат стандардите како на модерен европски затвор, но тие се само неколку.
Прегради на тоалетите има во сите ќелии, па и во „хашките“, единствена разлика е што во нив има веце шолја, а во обичните се чучавци. Хашките соби имаат поголема светлина за разлика од обичните на приземјето и поубави душеци. Во овие соби обично се двајца до тројца притвореници.
Инаку, во понеделникот на Боки 13-ка му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена.