Манекенката Хајди Клум (50) на својот Инстаграм профил објави фотографии од младоста, односно од тинејџерските денови. Како што наведе во својата објава, нејзината мајка и донесе бројни фотографии од почетокот на кариерата.
Овие фотографии беа апликација за натпревар за модел во 1992 година – напишала Хајди и рекла дека фотографиите дотогаш биле во подрумот на нејзината мајка.
Хајди тогаш позирала во неколку костими за капење, а интересно е да се види без нејзината препознатлива руса коса. Тогаш Хајди имала долга, кафена коса.
Заедно со фотографиите на кои позира, популарната манекенка објави и фотографија на која има 16 години.