На Инстаграм неодамна се појави фотографија од Меган Маркл од нејзината матура, на која позирала со своето тогашно момче.
„Шеснаесетгодишната Меган Маркл позира со своето прво момче Луис Сегурио на божиќен танц во средно училиште во 1997 година“, стои под фотографијата.
Војвотката од Сасекс позира на оваа фотографија весела и насмеана, во црн фустан со светки, а многумина под фотографијата коментираат дека изгледа скоро исто како денес на 39-годишна возраст и дека воопшто не се сменила.
„Некој да ми кажеше дека оваа фотографија е направена минатата година, би поверувала“, напишала една обожавателка на Меган.
„Тогаш немала поим дека ќе стане принцеза“, пишувале во коментарите.