Според Зодијакот можеме да откриеме кои хоросокопски знаци се најубави, кои имаат истакната насмевка, поглед или коса.
Овен: Тие се физички силни и со изразени црти на лицето
Обично се со средна и јака градба и спортски градени. Најчесто се со темен тен, голем број од нив има рамна и густа или црвена коса. Нивниот изглед најчесто остава впечаток на сила и енергичност. Не се склони кон дебелење. Се облекуваат лежерно и спортски, а за свечена облека ја преферираат црвената боја.
Бик: Симпатично лице и полни усни се ознака на Биковите
Припадниците на овој знак имаат најугодно и најсимпатично лице. Носот им е округол а усните полни, тенот сјајен. На лицето препознатливи се трепките. Телото им е обично пропорционално па ако се здебелат добиваат сегде по малку. Нивниот изглед остава впечаток на мекост но и сила, се облекуваат елегантно и омилени бои им се зелена и сива.
Близнаци: Изразени очи
Доста енергични и во движење, таков им е и изгелдот. Лицето е доста експресивно иделуваат помлади, а очите им се доста изразени. Имаат долги раце и нозе, обично се витки и со повисока градба која делува грациозно иако немаат истакнати мускули. Имаат неизразен струк. Лесно се пронаоѓаат во различни стилови на облекување а омилена боја им се жолтата и сребрената.
Рак: Раковите имаат изразен нос и високо чело
Припадниците на овој знак имаат округло лице и истакнати јагодници, но и впечатлив нос кој не мора да биде голем, но со малку понеобичен облик. Брадата им е заоблена, широки рамења, а косата темна и не многу густа. Иако во малдост се витки, голем број од нив после триесетата почнуваат да се дебелеат. Вратот им е краток и најчесто имаат осетлива кожа. Целокупно оставаат мек и суптилен впечаток, а омилени бои им се црната и белата.
Лав: Широко чело и густа коса
Лавовите се како нивниот знак, лесно е да се препознаат по нивната грива. Густа и сјајна коса им е заштитен симбол, а ако почне да им опаѓа или да им побелува тоа доста ги загрижува. Имаат широко чело и вилица и убав нос. Мускулатурата им е силна. Омилени бои им се жолтата и портокаловата. Сакаат тренди облека.
Девица: Витки и нежни црти на лицето
Машките и женските претстваници на овој знак се доста витки, а ако се здебелат тоа е вообичанео во рацете и стомакот. Телото им е складно и симпатично, како и цртите на лицето, тие се често убави. Права коса, имаат нагласени јагодници и образи а обично сакаат неутрални и елегантни комбинациикои се неупадливи. Омилена боја им се плавата и зелената.
Вага: Овално и шармантно лице
Вагите обично имаат пријатно лице со прави црти. Обично се повисоки од просекот а нивниот изглед делува софистицирано. Често имаат доста впечатлива боја на очите кои имаат форма подвиткани надоле. Долниот дел од телото најчесто е доста појак од горниот а градниот дел и струкот се пониски. Обожаваат да се дотеруваат и да го истакнат изгелдот. Омиелни бои им се плавата и црвената.
Шкорпија: Широки рамења и магнетски очи
Цврста физичка градба, иако може да се слаби сепак делуваат високо и силно. Имаат широки рамења над просек. Впечатливи лица и сензуални усни, како и продорни очи и најчесто неправилен нос. Косата им е најчесто смеѓа и густа. Сакаат да изгелдаат убаво но не нападно. Омилени бои им се црна и сива.
Стрелец: Со најубава фигура во целиот Зодијак
Најчесто просечни или малкунадпорсечна висина, тие се убаво и спортски градени. Тоа може да го нарушат со прекумерна храна и уживање.Обично имаат помало долгнавесто лице, заоблено чело, изразени плави или зелени очи. Често имаат проблем со опѓање на косата. Сакаат спортски и кежуал изглед, омилени бои им се јаките.
Јарец: Елегантен и долг врат и ковчести раце
Иако делуваат неутрално, се истакнуваат по тоа што се доста ковчести. Најчесто се пониски или со средна висина, а очите им се доста големи и изразени. Профилот им е заоблен а најчесто им се истакнува брадата, имаат впечатливи заби и убава насмевка. Сакаат убава обелак но не вулгарен изглед, најдраги бои им се сите нијански зелено и смеѓа.
Водолии: Средно градени и склони на дебелеење
Обично се со средна висина или пониски, со полно лице и светол тен. Ако се здебелат, често имаат подбрадок а вообичанео килажата им е проблем после триесетите. Имаат пмали дланки и стопала, но убави нозе. Имаат убави очи и широка, мека усна. Облеката не им значи многу, а омиелна боја им се виолетова и плава.
Риби: Привлечни и со убава кожа
Убав тен и кожа, убави црти на лицето кое најчесто е округло или овално. Косата им е јака и густа. Горниот дел од телото им е обично потенко од долниот дел кој е широк и заоблен. Очите им се најубав дел а коските на лицето и телото им се неизразени. Имаат широка и топола насмевка на која ретко кој може да и остане рамнодушен. Омилени бои зелената и црвената.