Звездата на американскиот фудбал и НФЛ лига, Ливон Бел бил ограбен после страсна вечер со две девојки.
Како што пренесуваат медиумите, звездата на Њујорк Џетс, однел две девојки во својата куќа за да се забавуваат, Утредента тој отишол на тренинг, а кога се вратил девојките ги немало, а недостасувале доста вредни работи.
-Земале часовник, пари и уште неколку вредни предмети во вредност од милион долари – вели Ливон кој дал занимлив опис на крадците.
-Првата беше гола кога излегував од дома, а втората? И таа беше гола – објаснил тој.
Сепак Бел нема многу да се грижи околу штетата, бидејќи е втор најплатен играч во лигата со 53.5 милиони долари за само 4 години.