Американската актерка Мелани Грифит и нејзината ќерка, која ја доби во брак со шпанскиот актер Антонио Бандерас – Стела Бандерас, неодамна биле фотографини додека биле на прошетка во Лос Анџелес.
Како што пренесуваат странските медиуми, тие две се упатиле кон еден ресторан, а детали од излегувањето не се познати. Може да се претпостави дека прошетката и заедничкиот ручек биле резервирани за мајката и ќерката, бидејќи папараците успеале да ги фотографиират само нив две.
Од приложениот материјал, забележуваме дека ова бил сосема обичен ден за овие дами во еден американски град, а сега имаме шанса после долго време да видиме како изгледа Стела на 26 години.
И додека Мелани се одлучила за фармерки и бела маица со долги ракави, нејзината ќерка исто така носела бела маица и црни фармерки. Со тоа одлично го искомбинирале својот стајлинг за овој ден.
Да потсетиме, Мелани од бракот со Бандерас ја има ќерката Стела, која сега има 26 години. Иако многумина шпекулираа дека холивудската убавица конечно ја нашла среќата, тоа не се случи. Бракот се распадна во 2014 година, а медиумите тогаш пишуваа дека се работи за еден од најскапите разводи – станува збор за цифра од 50 милиони долари поради поделбата на заедничкиот имот.