Познатата холивудска актерка Деми Мур беше во врска со српската костимографка Маша Манџука, сестра на српската актерка Маја Манџука. Како што дознава „Нова.рс“, двете имаат и дете кое го добиле преку ин витро оплодување.
Маша е родена во Србија, но живее во Њујорк, каде ги завршила студиите и започнала успешна кариера како костимограф. Работела како во популарната емисија „Топ модел“, така и на бројни филмски сетови, меѓу кои и на филмот награден со оскар „Ла Ла Ленд“.
Таа е и косопственик на модниот бренд „Anda&Masha“ и имаше можност да соработува со многу познати ѕвезди како Ријана, Алиша Кис, Дру Баримор, Ен Хатавеј и многу други.
Родена е во 1975 година, што значи дека е 13 години помлада од Деми Мур. Иако локалните медиуми претходно пишуваа дека ќерката Руми ја добила со српскиот уметник Богомир Дорингер, вистината е дека Дорингер всушност го донирал материјалот – а дека холивудската ѕвезда и српската стилистка заедно ја одгледуваат ќерката.
„Тоа е нивна ќерка, Дорингер беше донатор на материјалот. Ја добија ќерката преку ин витро оплодување“, вели извор за „Нова.рс“ кој присуствувал на првиот роденден на детето пред неколку години, а кој е близок со српската стилистка и Дорингер.
Деми и Маша се запознале откако работеле заедно, кога Маша ги правела костимите и во една прилика ја облекла Деми Мур. Тие првпат беа видени заедно во 2014 година кога и двете ја посетија уметничката изложба на фотографот Брајан Бовен Смит во Лос Анџелес.
Четири години подоцна тие се снимени во Лос Анџелес како се забавуваат со Руми, по што се разгореа озборувањата за нивната врска, а потоа за првпат се пишуваше дека заедно го одгледуваат девојчето.
Интернетот експлодира кога во 2019 година Маша објави фотографии од Деми со пораката: „Среќен роденден, прекрасен ангелу! Благодарна сум за деветте години во кои си во мојот живот“.
Актерката Деми Мур зад себе има три брака, со Фреди Мур, потоа со Брус Вилис со кој има три ќерки и на крајот со Ештон Качер.
Минатата година се пишуваше дека Деми Мур раскинала со српската стилистка, и дека накратко била во врска со Даниел Хјум, но дека неодамна раскинала и со него.