Косата не расте со иста брзина кај сите. Додека некои никако не можат да дочекаат косата да ја достигне посакуваната должина, на други им расте буквално преку ноќ. Без разлика на тоа каква коса имате, ако сакате побргу да ви порасне, послужете се со овие корисни, и што е најважно, природни совети.
ШИШАЈТЕ СЕ ПОЧЕСТО
Иако овој совет звучи по малку чудно и контрадикторно, навистина е така. Косата многу побргу напредува доколку редовно ги потшишувате врвовите, на пример на секои 6 седмици. Ако ја потшишувате косата редовно, вашата коса ќе изгледа здраво и убаво, а освен тоа ќе бидете и поштедени од расцветаните врвови.
ПИЈТЕ ВОДА
Магијата на едноставната формула Х20, не ја заобиколува ни косата. Водата е неопходна за нашиот организам, па следствено на тоа за подобар раст и здравје на косата потребно е да внесувате повеќе течности. Експертите препорачуваат внесување на 6 до 8 чаши вода или незасладени течности, како чај и сл., кои на вашата коса ќе и ја дадат потребната цврстина, сјај и здрав изглед.
РЕДОВНО ЧЕТКАЊЕ
Редовното и правилно четкање и помага на косата да изгледа подобро и да расте побргу. Меѓутоа, секако треба да бидете внимателни, бидејќи кога ја четкате косата додека е уште влажна, не само што ќе ја оштетите, туку и ќе предизвикате да расте нееднакво. Затоа доколку ја четкате косата додека е водена, одберете чешел со широки запци за да го избегнете нејзиното кинење.
ПРОТЕИНИ
Храната која ја консумираме, односно хранливата вредност која ја содржи, во голема мера влијае на изгледот на нашата коса. Доколку сакате да ја зајакнете косата и да го поттикнете нејзиниот раст, јадете храна која изобилува со протеини. Во случај да не консумирате месо, бирајте зеленчук кој изобилува со протеини, како и јаткасти плодови кои се одличен извор на протеини.
МАСКА СО БЕЛКИ ОД ЈАЈЦА
Белките од јајца се користат како маска за коса одамна, поради нивните исцелителни својства и способност да и го вратат сјајот и нежноста на косата. Разделете ги белките од жолчките на неколку јајца, во зависност од должината на косата, и ставете ги белките врз косата. Вашата коса ќе изгледа посилна и поздрава, што ќе придонесе и да расте побргу.
МАСИРАЈТЕ ГО ТЕМЕТО
Уште еден начин да го поттикнете растот на косата е да го масирате темето. Бидете нежни и не правете брзи потези, и масирајте го темето секојдневно околу една минута. Ова ги стимулира вашите фоликули, и и помага на косата да расте.
НАМАЛЕТЕ СО МИЕЊЕТО
Секојдневното миење е најголемиот непријател на вашата коса. Затоа, обидете се да ја миете косата секој втор или трет ден, или ако можете уште поретко (во зависност од типот на вашата коса), така што нема да го уништувате нејзиниот природен сјај кој ја заштитува и и овозможува правилен раст. Во овие денови кога не се миете, можете да ја освежите со суво перење.