Начинот на диплењето на облеката може да ви ослободи голем простор во плакарите. Не само што вашите алишта ќе изгледаат уредно здиплено како во бутик, туку ќе имате увид што да облечете при секое отворање на плакарот.
Откако ќе ги здиплите маиците, панталоните, џемперите или чорапите, обидетете се да ги наместите вертикално во котиите или фиоките. Така наместената облека ќе ја извлечете без да ги изгужвите другите парчиња облека, а што е најважно, во секое време ќе можете да ја најдете облеката што ја барате.