Ако имате проблеми со лош здив од устата, не би требало да се грижите премногу. Доволно е само да направите неколку промени во својот животен стил.
Лошиот здив не е целосно поврзан со лошата орална хигиена – вашите животни навики и храната која ја консумирате, исто така можат да влијаат. Лошиот здив може да биде предизвикан од хормонски промени, но и од одредени намирници како: млеко, месо, еиба, кромид, лук, рафиниран шеќер, кафе и сок.
Храната која го подобрува здивот е онаа која содржи витамини и минерали кои ги прават вашите заби и непца појаки. Во исхраната воведете јаболко, целер и морков, односно абразивна храна која делува како четка и го отстранува плакот од забите.
Важна е и хидратацијата, па затоа пијте доста вода, зелен или црн чај кои содржат фолифеноли кои ги искоренуваат сулфурните соединенија и ги намалуваат бактериите во устата.