Пациентите кои имале коронавирус, и имале потешка клиничка слика и биле во болница, треба да бидат помалку активни следните две недели, откако ќе заминат дома, да имаат добро балансирана диета и да гледаат не се уморат физички, а енергијата да ја фокусираат на заздравување и подобрување на личните капацитети, советува д-р Верица Јовановиќ.
Таа додаде дека лицата не се заразни во тој период.
Како што рече таа, по некое време, може да се утврди отпорност на организмот, односно може да се направи серолошко тестирање, со цел да се утврди дали пациентот има развиено антитела, кои се индикатори за отпорност на вирусот.
– Дури и да нема доволно од нив, организмот има клетки за одбрана кои се сеќаваат дека биле во контакт со вирусот, а „одговорот“ се развива во следните случаи, додаде Јовановиќ.
Кога станува збор за пациенти кои имаат поблага клиничка слика и кои инаку доминираат во вкупниот број случаи, д-р Јовановиќ потсетува дека симптомите се различни, дека некој нема респираторни симптоми, кивање или кашлица, туку само губење на чувството за вкус и мирис.
– По престанокот на овие симптоми, кога ќе поминат 14 дена, лицето е подготвено да се врати на редовна работа по прегледот, доколку не е лекуван во болница, рече Јовановиќ.