Периодот на новогодишни и божиќни празници кои доаѓаат е период во кој сите неизбежно се дебелееме. Сепак, постојат неколку начини да не накачите многу килограми:
Пред сè, редовно вежбајте. Тоа е важно и за здравјето, а тоа е единствениот начин за да имате фит тело и да ги согорите вишокот килограми од тоа што го јадете.
Внимавајте колку обилни оброци ќе имате во текот на празниците, не претерувајте со масна храна.
Зајакнете го имунитетот со овошје и зеленчук и многу витамини и чаеви, така што ќе бидете здрави и енергични и ќе може да трошите килограми. Повеќе внес на овошје и зеленчук значи помалку големи оброци!
Избегнувајте пиење на премногу кафето, зашто топлите напитоци како кафе во зима во комбинација со шеќер, крем и млеко може да содржат повеќе калории кои ќе ви се наталожат.
Откако ќе го завршите оброкот најдобро ќе биде чинијата во која што јадете или веднашда ја тргнете од масата или да ја покриете со салветка за да се го стимулирате мозокот да мисли дека завршивте со јадењето за да не дозволи да посегнете по уште храна.
Секое залче џвакајте го барем 20-тина пати. Бавното џвакање може да го намали внесувањето на калориите за над 10 отсто.